ЛЕДИ ГАГА НАЈАВИ НОВ АЛБУМ ПО ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПАУЗА

Њујорк, (НМЕ)

Откако ја разви актерската кариера и освои Оскар, Леди Гага го најави враќањето на музиката со нов сингл.

Таа објави дека утре на полноќ ќе биде промовирана песната „Глупава љубов“ (Stupid Love), како најава на нејзиниот нов, шести студиски албум, прв по пауза од четири години.

Сите кои работеа на албумот и го имаат слушнато велат дека е неверојатен. Сите нејзини албуми се легендарни, таа секогаш прави нешто неочекувано“, изјави нејзиниот продуцент Марк Ронсон.

Во периодот по излегувањето на албумот „Џоен“ во 2016, Леди Гага освои Златен глобус и Оскар за песната „Плитко“, големиот хит од филмот „Ѕвезда е родена“, во кој имаше главна улога. Во новиот филм на Ридли Скот, таа ќе ја глуми Патриција Реџани, која беше дека го нарачала убиството на својот бивш сопруг Маурицио Гучи.