Забраната за користење пластични кеси утре стапува на сила во Њујорк.
Калифорнија и Хаваи од порано имаат воведено ваква забрана, но Њујорк, уште еден бастион на прогресивни политики, досега се воздржуваше поради силното лобирање на индустријата на пластика и загриженоста како тоа ќе се одрази врз оние со помали примања.
Се проценува дека њујорчани секоја година трошат 23 милијарди пластични кеси, од кои 85% завршуваат на улица и депонии, во реки и машини за рециклирање. Новиот закон, усвоен во март минатата година, овозможи постепена транзиција кон алтернативите: продавниците ќе бидат обврзани да продаваат хартиени кеси од пет центи или поиздржливи кеси што ќе можат да се користат најмалку 125 пати.
Сопствениците на малите локални дуќани, какви што низ Њујорк има 13.000, рекоа дена сѐ уште не се подготвени за оваа забрана, сметајќи дека таа ќе им наштети на бизнисот.
На Њујорк годишно ќе му требаат четири милијарди хартиени кеси, повеќе од половина од нивното производство во Северна Америка. Оние кои нема да се придржуваат до забраната прво ќе добијат опомена, а потоа следува казна од 250 долари.