Четири години по смртта на славнaта архитектка Заха Хадид, во Дубаи се отвора хотел што таа го проектираше, а први гости се очекуваат на 1 март.

Дизајнот на хотелот „Опус“ беше предложен во 2007 година, како комерцијален објект кој ќе може да се користи за изнајмување. Сместен во областа Бурџ Халифа, во близина на истоимената највисока зграда на светот, 100 метри високиот „Опус“ е единствената зграда во Дубаи чии внатрешност и надворешност се дизајнирани од самата Хадид.

Зградата од 20 спратови ќе содржи 12 ресторани и панорамски бар, но нејзина главна карактеристика е што наликува на скулптура. Двете кули формираат коцка со издлабена внатрешност и тие во подножјето се поврзани со атриум на четири ката, а на 71 метар височина и со асиметричен мост, широк 38 метри.

(Фото: Заха Хадид архитектс)