Модната куќа „Баленсијага“ ја поплави пистата за својата ревија во рамките на Париската модна недела, укажувајќи на катастрофалните последици на климатски промени, како покачувањето на нивото на океаните и морињата.
„Баленсијага“ ја претстави колекцијата есен/зима 2020 во филмското студио „Сите ду синема“, при што моделите одеа низ вода, а потопени беа и првите три реда седишта. Иако длабока само неколку сантиметри, водата оставаше илузија на бездна.
Апокалиптичниот амбиент на шоуто беше дополнет со ЛЕД-екранот на плафонот, на кој се изменуваа снимки од бранови, вулканска лава и гаврани.