Директорите на „Дизни“ сакаат да го вратат Џони Деп во популарната франшиза „Пирати од Карибите“. Холивудските медиуми пренесуваат дека продуцентите се премислуваат откако пред повеќе од една година го раскинаа договорот со холивудската ѕвезда, што се поврзуваше со неговите приватни проблеми.

Деп лани поднесе тужба од 50 милиони долари против поранешната сопруга Амбер Хрд поради текст за домашно насилство што го објави во „Вашингтон пост“. Таа првпат го обвини Деп за домашно насилство во мај 2016, една година откако се венчаа, при што објави фотографија со модринки на лицето. Деп тогаш доби судска забрана да ѝ се доближува.

„’Дизни’ лобира да го врати Деп со оглед на големата поддршка што ја доби од јавноста“, пишуваат медиумите.

Деп го играше капетанот Џек Спероу во пет филмови за период од 14 години, кои на светско ниво заработија над 4,5 милијарди долари.