Драмски театар со претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ денес учествува на Меѓународниот фестивал – РУТА (Регионална унија на театри) во Подгорица.
„Фестивалот има за цел поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешниот сојуз во естетска, репертоарска, но и организациона смисла“, велат од Драмски.
РУТА е составена од: МГЛ Љубљана, Словенија, Театарот Улисис, Загреб, Хрватска, Камерен театар 55, Сараево, БиХ, Градски театар Подгорица, Црна Гора, Драмски театар Скопје и Белградско драмско позориште, Србија.
Во „Странци“ играат : Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.