МАКЕДОНИЈА ГИ ЗАТВОРА УЧИЛИШТАТА НА ДВЕ НЕДЕЛИ, МАКЕДОНИЈА-КОСОВО БЕЗ ПУБЛИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владата денеска донесе низа драстични мерки кои треба да помогнат во спречувањето на ширењето на коронавирусот во земјата, откако вчера бројката заразени порасна на седум и значително се зголеми бројот на оние кои се ставени во изолација. Новите мерки веднаш стапуваат на сила.

  • Во наредните 14 дена ќе бидат затворени сите градинки, училишта и високообразовни институции.
  • Се забрануваат сите настани и собири на отворено и во затворено со над 1.000 луѓе, но се препорачува истото да важи и за собири со помалку од илјада луѓе.
  • Спортските натпревари ќе се играат без публика во следните 30 дена, што се однесува и на фудбалскиот меч Македонија-Косово, кој има квалификациски карактер за Европското првенство.
  • Во наредните две недели од работа ќе биде ослободен по еден родител на деца до 10-годишна возраст, што важи и за државните институции и за приватните фирми.
  • На повозрасните лица и на оние со хронични болести им е препорачано да ги намалат движењето и користењето на јавен превоз.
  • Се забранува организиран превоз со автобус и комбе кон високоризичните подрачја во странство.