Во Македонија има шест нови случаи на коронавирус, што е најголем пораст на бројот на заразени во еден ден.
Министерот за здравство Венко Филипче извести дека има петмина новозаразени во Дебар, а позитивен тест имала и жена која вчера пристигнала со авион од Барселона. Тој ги претстави и новите рестриктивни мерки кои стапуваат на сила во земјата.
- Во Македонија досега има 19 случаи на коронавирус, од кои првата пациентка сега има негативен тест.
- Влошена е состојбата на првата пациентка од Дебар, која е ставена на апарат за вештачко дишење.
- Во општините Дебар и Центар Жупа вчера е прогласена вонредна состојба.
- Се затвораат сите копнени гранични премини освен Табановце, Деве Баир, Богородица, Блаце и Ќафасан.
- Се затвора и аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
- Се забранува влез и на странци кои доаѓаат од земјите со среден ризик од зараза.
- Во трговските центри ќе смеат да работат само супермаркети, продавници за храна и аптеки.
- Целосна забрана за работа на кафулиња, ресторани и други угостителски објекти, обложувалници и касина.