Популарната медицинска драма „Вовед во анатомија“ е меѓу сериите чие снимање е прекинато поради ширењето на коронавирусот.

Портпаролот на ТВ-студијата на „Дизни“ изјави дека снимањето на „Вовед во анатомија“, чија 16. сезона е во тек, ќе се одложи за најмалку три недели како превентивна мерка од заразниот вирус. Стопирано е и снимањето на шоуто на Џими Кимел.

Утринско шоу“ со Џенифер Анистон и Рис Витерпсун досега имаше две сезони

„Нетфликс“ ги паузираше сите телевизиски и филмски продукции во САД и Канада на две недели, по препораките на Владата.

Снимањето на втората сезона на хит-серијата на „Епл +“, „Утринско шоу“ со Џенифер Анистон и Риз Витерпсун, исто така е стопирано на две недели.