Њујорк го следи прекар „град кој никогаш не спие“, но тоа би можело да се промени по најновата одлука на градоначалникот Бил де Бласио.
За да се спречи ширењето на коронавирусот, Њујорк не само што ги затвора училиштата, туку и рестораните, баровите, ноќните клубови, концертните сали, кината и театрите, откако бројката починати во САД порасна на 69. Во Њујорк, кој има над осум милиони жители, досега починале петмина.
Според официјални податоци, во Њујорк има околу 27.000 ресторани, барови и кафулиња и тие од утре ќе можат да работат само со нарачки и испораки.
„Вирусот може брзо да се шири преку социјалните интеракции на њујорчани во рестораните, баровите и други места каде што тие седат блиску едни до други. Мора да го прекинеме тој круг. Одлуката не ја донесовме лесно, затоа што овие места се срцето и душата на градот. Тие се дел од она што значи да се биде њујорчанец“, изјави Ди Бласио.
Д-р Ентони Фаучи, еден од водечките стручњаци за заразни болести во САД, вели дека „најлошото допрва доаѓа“.
Училиштата ќе бидат затворени до 20 април, што ќе погоди 1,1 милион деца.