КОЛКУ ДОЛГО КОРОНАВИРУСОТ МОЖЕ ДА ПРЕЖИВЕЕ НА РАЗЛИЧНИ ПОВРШИНИ?

Лондон, (Би-Би-Си)
Worker disinfects a buss from the Public transport to prevent the spread of the novel coronavirus COVID-19 in Skopje, Republic of North Macedonia on 11 March 2020.Public transport in the capital consists of about 350 buses.The North Macedonian government has decided to suspend activities in schools and universities for 14 days in a bid to control the spread of the COVID-19 disease caused by the novel SARS-CoV-2 coronavirus in the West Balkan country.

Како што коронавирусот се шири, така се шири и нашиот страв од површини.

Како и многу други респираторни болести, вклучувајќи и грип, КОВИД-19 може да се шири преку ситни капки што се испуштаат од носот и устата на заразено лице кога тоа кашла. Едно кашлање произведува до 3.000 ситни капки и тие можат да завршат на други луѓе, облека и околни површини, а некои остануваат и во воздухот.

Американските центри за контрола на болести и Светската здравствена организација сметаат дека допирањето предмет или површина со вирус, а потоа на сопственото лице не е главен начин за негово ширење, но, сепак, препорачуваат редовно миење раце и чистење и дезинфицирање површини.

Нејасно е колку долго новиот коронавирус може да преживее надвор од човечкото тело. Некои истражувања имаат утврдено дека други коронавируси, како САРС и МЕРС, можат да преживеат на метал, стакло и пластика и до девет дена ако не се соодветно исчистени. Некои можат да опстанат и до 28 дена на пониски температури.

Вирологот Нелтје фан Доремален и нејзини колеги од Националниот институт за здравство на САД ги имаат направено некои од првите тестирања за тоа колку долго новиот коронавирус може да преживее на различни материјали. Тие заклучиле дека вирусот може да преживее во ситните капки и три часа откако тие биле испуштени при кашлање. На картонска подлога може да преживее до 24 часа, односно 2-3 дена на пластика и метал. Но, вирусот може да се уништи во рок од една минута ако површината се дезинфицира.

Не е познато колку долго вирусот може да опстане на облека и други површини кои потешко се дезинфицираат.