КОРОНАВИРУСОТ ГО РЕДЕФИНИРА ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРИВАТЕН ПРОСТОР

Рим, (АП)

Социјално дистанцирање досега беше нешто незамисливо за Италија, каде што одење рака под рака со пријател, бакнување со соседите и допирање на главите на бебињата се дел од културата.

Но, брзото ширење на новиот коронавирус го редефинираше концептот на почитување приватен простор не само во Италија, туку и во други густо населени делови од светот, како Јужна Кореја, Филипини, САД и Шпанија.

Рим (Фото: АП)

Било со наредба или препорака од властите, било со следење на основни здравствени совети, луѓето почнаа да се оддалечуваат едни од други со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Сѐ повеќе луѓе го почитуваат правилото да се држи растојание од метар-два за да се избегне евентуална изложеност на вирусот кога некој кашла или кива.

Берлин (Фото: АП)

„Никогаш не сум видел олку дисциплина, солидарност и соработка, зашто сите сфаќаат дека првиот што ќе падне ќе ги повлече и сите други“, вели Пјеро Емилио Винченци, сопственик на продавница во близина на Ватикан.

Манила (Фото: АП)
Дебрецен, Унгарија (Фото: АП)
Лас Вегас (Фото: АП)