Во Македонија денеска е потврден втор смртен случај од КОВИД-19, додека бројката заразени продолжи да расте.
- Шеесет и тригодишен маж од Дебар е втората жртва на коронавирусот во Македонија, откако завчера почина жена од Куманово.
- Тој бил хоспитализиран на 17 февруари и починал откако ноќеска нагло му се влошила состојбата. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека починатиот претходно немал здравствени проблеми.
- Во последните 24 часа, во Македонија се регистрирани нови 22 случаи на коронавирус, седум помалку од вчера, со што вкупната бројка порасна на 137, од кои првата пациентка е излекувана.
- Од новите случаи, 15 се во Скопје, четири во Дебар, два во Куманово и еден во Охрид.
- Владата вечерва усвои нова рестриктивна мерка, според која лицата над 67 години ќе смеат да се движат надвор само од пет до 11 часот, а малолетниците од 12 до 21 часот. Целосна забрана за движење ќе има од 21 до пет часот.
- На светско ниво досега има над 340.000 заразени, додека бројката починати надмина 15.000.