КАКО ДА ЈА ОДРЖУВАТЕ ХИГИЕНАТА НА СВОЈОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН?

Лондон, (Гардијан)

И во нормални околности е добра идеја одвреме-навреме да си го чистите мобилниот телефон. Сега е мудро да го правите тоа и почесто, бидејќи коронавирусот е многу заразен, а знаеме дека на површини може да преживее и два-три дена.

Телефонот секаде го носиме со себе и цело време го допираме, па вирусот може да се пренесе и од него.

„Епл“ советува да користиме алкохолни или дезинфекциски марамчиња за чистење на телефонот. Алкохолот брзо испарува од површината на телефонот и ги убива микробите.

И вода и сапун исто така ќе завршат работа. Се разбира, не го ставајте телефонот под млаз вода, дури и ако е водоотпорен.

Ставете малку течен или обичен сапун на крпа или кујнски бришач и поминете преку телефонот, а потоа избришете го со крпа или кујнски бришач навлажнет само со вода. Можеби ќе треба да повторите неколку пати, додека не се тргне целата сапуница.