Лео Меси, Кристијано Роналдо, Пеп Гвардиола и други големи имиња од светот на фудбалот го даваат својот придонес во борбата против коронавирусот.

Најдобриот светски фудбалер донираше еден милион евра, износ што ќе го поделат две болници во Барселона и во неговата татковина Аргентина.

„Лео Меси даде донација за нашата клиника за борбата против коронавирусот. Ти благодариме Лео за посветеноста и поддршката“, соопштија од Клиничката болница во Барселона.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој моментално е во Барселона, донираше милион евра за набавка на медицински материјали, а Кристијано Роналдо ја донираше истата сума на болници во Порто и Лисабон.

Минатата недела, и голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски, и неговата сопруга Ана донираа милион евра за борбата против пандемијата.

„Денес сите играме за ист тим. Да бидеме силни во оваа борба. Оваа ситуација сите нѐ погодува и затоа бидете одговорни“, кажа Левандовски.