ТРЕТА ЖРТВА НА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА, ПРВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗА ВО ВЕЛЕС И ПРИЛЕП

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
A man with protective mask rides his bicycle in the center of Skopje, Republic of North Macedonia on 18 March 2020. North Macedonia's Government proposed to the President to introduce a state of emergency due to the situation with coronavirus . Several European countries have closed borders, schools and public facilities, and have cancelled major sports and entertainment events in order to prevent the spread of the coronavirus SARS-CoV-2 which causes the Covid-19 disease.

Во Македонија почина уште една пациентка од КОВИД-19, додека први случаи на зараза се потврдени во Прилеп и Велес.

  • Шеесет и шестгодишна жена од Дебар е третата жртва на коронавирусот во земјата. Станува збор за првата пациентка од овој град, чија состојба подолго време беше влошена.
  • Во Македонија во последните 24 часа има 29 новозаразени, со што вкупната бројка порасна на 177, од кои повеќе од 100 се во Скопје.
  • Први случаи на коронавирус се регистрирани во Прилеп и Велес.
  • Меѓу новозаразените се и пет лица кои имале контакт со бившата директорка на Клиниката за кожни болести во Скопје, по чиј позитивен тест над 200 луѓе беа ставени во изолација.
  • Покрај сите досега воведени рестриктивни мерки, Владата денеска одлучи дека во викенди ќе има целосна забрана за движење од 16 до пет часот.
  • На светско ниво има повеќе од 450.000 заразени и над 20.000 починати.