„ИСТЕРУВАЧИ НА ДУХОВИ“ И „МОРБИУС“ ОДЛОЖЕНИ ЗА 2021

Лос Анџелес, (АП)

„Сони“ го расчисти својот календар за ова лето и ги одложи премиерите на „Истерувачи на духови“ и „Морбиус“ за 2021 година.

Холивудската летна сезона вообичаено носи најголеми приходи во филмската индустрија, но овојпат би можела да пропадне во голем дел поради пандемијата на коронавирусот.

Новиот „Истерувачи на духови“, кој се случува 30 години по вториот дел, требаше да излезе на 10 јули, но премиерата сега е закажана за 5 март 2021.

„Морбиус“ со Џаред Лето во насловната улога е префрлен од 31 јули за 19 март следната година. Тоа е втор филм од универзумот на „Марвел“ што мораше да биде одложен, по „Блек Видоу“.

Одложен е и најисчекуваниот филм на „Ди-Си комикс“ за оваа година, па место во јуни, „Вондер Вуман 1984“ ќе излезе во август.