Стадо дивокози го окупираше испразнетиот центар на велшкиот град Ландадно, јадејќи жива ограда и цвеќиња од градини.
Тие понекогаш се спуштале од планината Грејт Орм кога е многу лошо време, но локалните власти веруваат дека сега биле привлечени од тоа што на улиците на градот немало луѓе поради коронавирусот.
„Тие се љубопитни животни и веројатно се чуделе што се случува“, изјави една членка на локалниот совет.
Се проценува дека на Грејт Орм живеат околу 120 кашмирски дивокози.