КОВИД-19 ја зеде 11. жртва во Македонија, додека уште пет пациенти се испишани од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

  • Шеесет и петгодишна жена од Лабуништа, која имала претходни заболувања, почина ноќеска од последиците на коронавирусот.
  • Министерот за здравство Венко Филипче извести дека и пациентката која во неделата почина во болницата во Струга имала позитивен тест на коронавирус, што посмртно бил направен.
  • Со тоа, вкупната бројка починати од КОВИД-19 порасна на 11.
  • Уште пет пациенти се пуштени од Инфективната клиника откако двата контролни теста им биле негативни.
  • Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 25 нови случаи на коронавирус, најмногу во Скопје и Куманово – по седум, а за првпат и во Кочани.
  • Во земјата досега има 354 заразени со коронавирус, од кои 17 се излекувани, а 59 се на Инфективна клиника.
  • На светско ниво, бројката заразени се ближи кон еден милион, додека починале над 45.000 луѓе.