За првпат во историјата на најпрестижното модно списание, италијанското издание на „Вог“ има целосно бела насловна страница, како реакција на пандемијата на коронавирусот.
„Првенствено, белата боја значи почит. Бела боја е повторно раѓање, светло после мрак, резиме на сите бои. Белата е бојата на униформата на оние кои спасуваат животи додека ги ризикуваат своите. И над сѐ, белата боја не значи предавање, тоа е празна страница која допрва треба да се пополни, насловна страница на приказна која допрва треба да почне“, вели уредникот Емануеле Фарнети.
Априлското издание е веќе во продажба, а бесплатно може да се симне од веб-страницата на списанието.