Документарниот филм „Танцот со пастрмките” имаше своја промоција во Охрид. Се снимаше на длабочина од два до 15 метри, а имаше и доста нурнувања до 40 метри длабочина, вели инструкторот по нуркање Милутин Секулоски од Центарот за нуркање „Амфора” од Охрид.
„Документарниот филм е сниман во текот на декември, јануари и февруари, во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитки води за да се мрести. Снимени се повеќе од 50 часови материјал и над 300 подводни фотографии“, откри Секулоски.
Нуркањата биле изведени во екстремни и ноќни услови, при температура на водата од 6-7 Целзиусови степени, во присуство на планктон, струења и заматена и разбранета вода.
„За да се направи добар снимен материјал, потребно е големо искуство во нуркање, стабилност при снимање и да се познаваат навиките на пастрмката и местата на кои што се мрести“, додаде Секулоски.
Д. ЧУБРИЌ