Вработените во Националната опера и балет (НОБ) ќе сошијат 1.000 заштитни маски, кои, во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе бидат донирани на оние на кои им се најпотребни.
Од НОБ веќе донираа 162 заштитни маски од свое производство за вработените во Министерството за култура.
Минатата недела, и Филхармонијата и Ансамблот за народни песни и ора „Танец“ најавија помош за справувањето со коронавирусот.
Парите од продадените билети за два свои концерта од новата сезона „Танец“ ќе ги намени за најпогодените семејства од пандемијата на коронавирусот. Филхармонијата најави дека се откажува од договорот со Министерството за култура за меѓународно претставување на институцијата во 2020 година. Станува збор за износ од 2.300.000 денари, кои биле наменети за презентација на македонската култура во светот. Воедно, таа ќе донира и 130.000 денари од сопствен буџет на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.