ЊУЈОРЧАНИ ОТСЕГА МОЖАТ ДА СЕ ВЕНЧАВААТ И ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, потпиша извршна одлука со која се дозволува склучување бракови преку интернет, во услови кога голем број венчавки мораа да бидат откажани поради коронавирусот.

Отсега, двојките ќе можат да аплицираат за потврда за брак од далечина, а матичната служба ќе ги спроведува венчавките по виртуелен пат.

„Двојките сега немаат никаков изговор да не се венчаат. Можете да го направите тоа и преку Зум. Да или не?“, се пошегува Куомо.

Ваква одлука беше донесена откако Њујорк го продолжи карантинот до 15 мај. Њујорк е епицентар на епидемијата во САД, со речиси 14.000 починати од КОВИД-19.