ЌЕ СЕ СНИМА ПЕТТИ ФИЛМ ОД СЕРИЈАЛОТ „ИГРИТЕ НА ГЛАДНИТЕ“

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Холивуд уште еднаш ќе се врати во измислената држава Панем, откако беше потврдено дека ќе се снима нов, петти филм од серијалот „Игрите на гладните“.

Тој ќе биде адаптација на „The Ballad of Songbirds And Snakes“, приквел книгата на „Игрите на гладните“, која треба да излезе на 19 мај. Дејството на новата книга на Сузан Колинс е сместено во времето на десеттите годишни Игри на гладните и се фокусира на 18-годишниот Кориоланус Сноу, кој подоцна станува безмилосен владетел на Панем, а во филмскиот серијал го игра Доналд Садерленд.

Засега не е познато кога треба да излезе филмот.

Во првите четири филма од серијалот главен лик е Катнис Евердин (Џенифер Лоренс).