Коронавирусот однесе уште еден живот во Македонија, додека бројката оздравени продолжи да расте.
- Осумдесетгодишен скопјанец почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и тој е 57. жртва на КОВИД-19 во земјата.
- Потврдени се и 26 нови случаи на коронавирус, најмногу во Скопје – 11, па следуваат Струга со шест, Тетово со три, Куманово со два и по еден во Битола, Гостивар, Неготино и Виница, прв во овој град.
- Во земјата досега се регистрирани 1.326 позитивни теста.
- Министерството за здравство објави дека оздравеле уште 36 лица, вкупно 337 досега.
- На светско ниво досега има над 2,7 милиони заразени, од кои починале речиси 195.000.