Фејсбук додаде нови опции за видеоповици на Вотсап, Месинџер и на својата главна апликација, откако во изминатиот период се зголеми употребата на ваков вид комуникација.
Месинџер соби (Messenger Rooms) ќе им овозможат на корисниците да започнат видеоразговор, на кој потоа ќе можат да се приклучат до 50 луѓе. Компанијата кажа дека ги објавила овие опции порано од планираното поради пандемијата на коронавирусот, кога државите се затворени и луѓето повеќе седат дома. Притоа работеле со криптографи за да се спречат надворешни упади во разговори.
Платформите за видеоповици и видеоконференции бележат зголемена популарност во изминатите месеци. Фејсбук објави дека видеоповикувањето на Месинџер двојно се зголемило од минатата година, особено во областите кои се најпогодени од коронавирусот. Ривалската апликација Зум стигнала до 300 милиони дневни корисници овој месец.
Месинџер соби ќе им овозможат на корисниците да влегуваат и излегуваат од групните видеоразговори додека „собата“ е отворена. Оние што ја креираат собата ќе можат да направат таа да остане приватна и да блокираат несакани учесници.