ДИЏЕЈ БАБУРА ЈУНИОР ЌЕ ПРАВИ ЖУРКА ОД ПОКРИВОТ НА „СИТИ МОЛ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска од 19:30 до 21:30 часот, од покривот на трговскиот центар „Сити мол“ музика ќе пушта диџеј Бабура Јуниор. Настанот „Звуците на урбан Карпош“ го организира Општина Карпош, со цел да им се овозможи забава на граѓаните за време на полицискиот час.

„Ги повикуваме сите граѓани, особено оние кои живеат во Карпош 4, Карпош 3, Тафталиџе и кај млечен ресторан да излезат на своите тераси и да бидат дел од овој интерактивен перформанс“, велат од Општина Капрош.

Настанот ќе оди во живо на Фејсбук страниците на диџеј Бабура и на трговскиот центар „Сити мол“.