ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА МИШЕЛ ОБАМА НА 6 МАЈ ПРЕМИЕРНО НА „НЕТФЛИКС“

Њујорк, (АП)

Документарен портрет на Мишел Обама, насловен како и нејзините мемоари, „Becoming“, премиерно ќе се прикаже на „Нетфликс“ на 6 мај.

Филмот се најавува како „интимен поглед на животот на поранешната прва дама на САД“ и хронолошки ја следи нејзината турнеја во 34 градови во 2018-2019, кога ја промовираше книгата, која стана светски бестселер.

„Од искуството со турнејата сфатив дека она што го споделуваме е длабоко и вистинско. Размислуваме за минатото и си замислуваме подобра иднина. Разговарајќи за идејата за развивање, растење и созревање, многумина се осмелија да ги кажат на глас своите надежи. Тие сеќавања, тоа чувство на сплотеност ги чувам како богатство, особено во овој период кога заеднички се бориме против пандемијата“, изјави сопругата на Барак Обама.