ОНЛАЈН КОМПАНИИ И ТРГОВЦИ КОИ ГО ОЛЕСНУВААТ ЖИВОТОТ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА ИЗОЛАЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Коронавирусот ги парализираше сите сфери од општеството, ги затвори училиштата, рестораните и културните установи, а луѓето се принудени повеќе да седат дома. Но, светот бргу се прилагоди. Во новата нормалност уште повеќе до израз доаѓаат придобивките на дигиталното доба. Да се учи и да се нарачува преку интернет можеби не е нешто ниво, но сега повеќе од кога било ни го олеснува животот.

Водејќи се од политиката „Важни се луѓето“, „Халкбанк“ е партнер на македонски компании и е-трговци кои во ова време на пандемија и изолација го прават животот поподнослив, снабдуваат или овозможуваат да се развијат нови вештини.

БРЕИНСТЕР

Во оваа иновативна компанија за едукација можат да се научат практични вештини за трансформација на кариерата. „Бреинстер“ (Brainster) организира курсеви, академии, кариерна трансформација и поврзување на талентите со иновативните компании oд областа на маркетингот, дизајнот, бизнисот и програмирањето.

РЕПТИЛ МАРКЕТИ

Овој ланец на маркети врши дистрибуција на стока во големи потрошувачки јавни и приватни компании. За да се олесни пазарењето, „Рептил“ ја стави во употреба својата онлајн продавница marketonline.mk, каде што се достапни сите производи како во маркетите.

ГРУПЕР

 

Првиот сајт за групни попусти и лидер на полето на е-трговија во Македонија предизвика револуција во онлајн купувањето. На оваа платформа секој ден се нудат нови ексклузивни зделки по неверојатни цени со огромен попуст, од храна и пијалаци, преку производи за домот до различни типови услуги, како едукација, патувања и слично.

ПРЕПЛЕТ

„Преплет“ е креативно студио во кое можат да се најдат најразновидни дизајнирани производи. Она што го прави уникатно и препознатливо се позитивните мотиви и мисли испишани на македонски јазик и кирилица.

ТИЧХУТ

„Тичхут“ (TeachHoot) е образовна онлајн платформа која овозможува лесно и брзо примање и предавање на знаењето помеѓу учениците и туторите во нивната виртуелна училница. Преку оваа платформа се одржуваат приватни онлајн часови со тутор, а целта е со примената на информатичките технологии да се модернизира образованието и да се надминат ограничувањата.