ПЛАНИНАТА ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“ УРНА СВЕТСКИ РЕКОРД ВО КРЕВАЊЕ ТЕЖИНА

Рејкјавик, (АП)

Исландскиот актер и спортист Хафдур Јулиус Бјернсон, најпознат по улогата на Планината во „Игра на тронови“, постигна светски рекорд во кревање тежина.

Бјернсон, кој во 2018 беше прогласен за Најсилен маж на светот, го постави рекордот во својата сала за вежбање во родниот Исланд откако дигна тег од 501 килограм.

„Верувам дека денеска можев да постигнам и повеќе, но која е поентата. Среќен сум и со ова“, изјави 31-годишниот Бјернсон.

Досегашниот рекорд го држеше Еди Хол од Велика Британија, кој во 2016 дигна тег од 500 килограми.