СОБОРЕН СВЕТСКИОТ РЕКОРД ВО ФРЛАЊЕ ДИСК, НАЈСТАР ВО МАШКАТА АТЛЕТИКА

САД, (АП)

Литванецот Миколас Алекна го собори најстариот светски рекорд во машката атлетика, во фрлање диск, кој важеше од 1986 година.

Дваесет и едногодишниот Алекна оствари далечина од 74,35 метри на атлетско натпреварување во Оклахома и за 27 сантиметри го подобри рекордот што Јирген Шулт го држеше од 6 јуни 1986. Шулт, кој денес има 63 години, тогаш се натпреваруваше под знамето на Источна Германија.

Во прв момент беше измерено дека Алекна фрлил 74,41 метар, што потоа беше ревидирано.

Алекна, кој студира на Универзитетот Калифорнија, има сребро и бронза од светските првенства во сала во 2022 и 2023 година. Неговиот татко е легендарниот Виргилијус Алекна, двократен олимписки шампион, кој сега го има третиот најдобар резултат на сите времиња (73,88 метри).

(Фото: АП)