ОЛЕСНУВАЊЕТО НА КОРОНАМЕРКИТЕ ПОЧНУВА ОД УТРЕ СО ОТВОРАЊЕТО НА ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Владата и натаму не планира да го укине полицискиот час, но затоа од утре почнуваат постепено отворање на државата и враќање на животот во новата нормалност.

  • Техничкиот премиер Оливер Спасовски објави дека олеснувањето на рестриктивните мерки ќе се одвива во три фази.
  • Утре се отвораат трговските центри и ќе работат секој ден од 10 до 18 часот, со исклучок на недела.
  • Од оваа недела со работа продолжуваат и автошколите, спортските обложувалници и центрите за едукација и обука.
  • Засега нема одлука за отворање на кафулињата и рестораните, за што ќе се разговара следната недела.
  • Денеска има 10 нови случаи на коронавирус (од 189 тестирања) и тоа шест во Скопје, два во Куманово и еден во Велес и Прилеп.
  • Во земјата досега се регистрирани 1.674 заразени.
  • Шеесет и едногодишен жител на Делчево е 92. жртва на КОВИД-19 во Македонија.
  • Оздравеле уште пет носители на вирусот, вкупно 1.205 досега.