СЕЛЕНА ГОМЕЗ ПОПОПУЛАРНА ОД КРИСТИЈАНО РОНАЛДО НА ИНСТАГРАМ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо оваа година се искачи на највисоките места на Инстаграм, објавајќи фотографии од неговите кариера и растечка фамилија, но поп-ѕвездата Селена Гомез сè уште е на врвот на популарноста на оваа социјална мрежа.

Роналдо, кој беше прогласен за најплатен фудбалер од „Форбс“ со приходи од 93 милиони долари, дојде на второто место со 116 милиони следбеници, за разлика од лани, кога беше на шестото место со 82,8 милиони.

Гомез остана најследената личност на Инстаграм со 130 милиони следбеници, додека лани заврши со 103 милиони.

Февруарската фотографија на Бијонсе, со која ја најави бременоста со близнаци, беше најубавата фотографија на Инстаграм оваа година

Роналдо во јуни објави дека стана татко на близнаци родени од сурогат мајка, во пост што собра повеќе од 8,2 милиони лајкови. Неговиот најпопуларен пост, со повеќе од 11 милиони лајкови, беше месецов, кога објави дека неговата девојка Хеорхина Родригес роди ќерка.

Пејачките Аријана Гранде и Бијонсе се одржаа на третата и четвртата позција со 115, односно со 108 милиони следбеници, додека Ким Кардашијан-Вест е петта со 104 милиони фанови.

Февруарската фотографија на Бијонсе, со која ја најави бременоста со близнаци, беше најубавата фотографија на Инстаграм оваа година, со повеќе од 11,1 милион лајкови.

Тејлор Свифт падна од број 2 на број 6, откако исчезна од социјалните мрежи по големиот публицитет по раскинувањето со британскиот диџеј Калвин Харис и несогласувањата со Кејти Пери, Ким Кардашијан и Канје Вест.