Џеј Зи првпат призна дека ја изневерил својата сопруга Бијонсе, за што беше обвинет од нејзината сестра Соланж пред неколку години.

Иако јавно не зборуваа на оваа тема досега, и Џеј Зи и Бијонсе навестуваа преку свои песни дека нешто, сепак, се случило.

„Најтешката работа е на нечие лице да ја видиш болката, што си ја предизвикал и потоа мора да се справиш со себеси. Мора да преживееш, а кога ќе се ставиш во такво расположение, ги исклучуваш сите емоции. Така е и со жените, се исклучуваш емотивно и не можеш да се поврзеш. Во мојот случај, тоа беше длабоко, а сѐ произлезе од една работа: неверство“, кажа Џеј Зи во интервју за „Лос Анџелес тајмс“.

Тој навести дека биле пред развод, но музиката му послужила како терапија, слично како и при некои други претходни лоши искуства. Тие имале идеја да снимат заеднички албум, но, место тоа, секој издаде свој.

„Многу луѓе би се решиле за развод, стапката е можеби 50%. Нам уметноста ни дојде како терапија“, рече Џеј Зи.