Македонија се доближи до границата од 2.000 потврдени случаи на коронавирус, откако во изминатите три дена имаше вкупно 78 позитивни теста.
- Во Македонија има 21 нов случај на коронавирус, откако во изминатите 24 часа биле направени 258 тестирања.
- Најголем дел од нив се во Скопје – 12, па следуваат Тетово со пет, Куманово со три и Штип со еден.
- Вкупната бројка заразени досега порасна на 1.999.
- Починаа 113 лица, а 447 се активни случаи.
- Досега оздравеле 1.439 носители на вирусот.