Иако пред неколку дена беше укинат најголем дел од рестриктивните мерки, во Македонија и во наредните две недели на сила ќе биде вонредна состојба, додека уште пет лица починаа од КОВИД-19.
- Десетмесечно бебе кое почина во Швајцарија, каде што беше префрлено на лекување на барање на родителите, е заведено како најмладата жртва на коронавирусот во земјата.
- Министерството за здравство информираше дека починале уште четири лица: три од Скопје на возраст од 47, 69 и 70 години и едно од Струга (70).
- Со тоа бројката починати од КОВИД-19 порасна на 131.
- Во изминатите 24 часа се потврдени уште 35 случаи на коронавирус (од 1.120 тестирања), од кои 22 во Скопје, шест во Тетово, четири во Куманово и еден во Струга, Штип и Гостивар.
- Во Македонија досега има 2.164 заразени, при што 498 се активни случаи, а оздравеле 1.535 лица.
- На барање на Владата, претседателот Стево Пендаровски прогласи нова 14-дневна вонредна состојба, која почнува од утре.