Викторија Бекам заработила нешто повеќе од еден милион долари од ланската повратничка турнеја на „Спајс грлс“ низ Велика Британија, и покрај тоа што не беше дел од неа.
Модната дизајнерка и поранешна членка на популарниот женски бенд од 1990-ите одлучи да не им се приклучи на колешките на серијата настапи, но и покрај тоа, заработи исто колку нив.
Според британските медиуми, „Спајс грлс лимитед“, компанијата во сопственост на Бекам, Ема Бантон, Џери Хорнер, Мел Би и Мел Си, лани заработила 5,6 милиони долари. Заработката се состои од продадените билети на турнејата и од продажбата на разни аксесоари на нивниот бренд.