„Ворнер брос“ го одложи излегувањето на четвртиот дел на „Матрикс“ за речиси една година.
Премиерата на сѐ уште неименуваното продолжение оригинално беше најавена за 21 мај 2021, но сега е поместена на 1 април 2022.
Продукцијата на филмот била почната во Германија, кога работите беа прекинати од пандемијата на коронавирусот, која ги одложи премиерите на голем број холивудски блокбастери и ги затвори киносалите низ светот.
Лана Вашовски, еден од творците на серијалот, повторно ќе биде режисер и сценарист, а се враќаат и двете главни ѕвезди Кијану Ривс и Кери-Ен Мос. Деталите за приказната се држат во тајност, освен што се знае дека филмот ќе биде продолжение на трилогијата.