Нил Јанг конечно го објави својот изгубен албум „Homegrown“, снимен пред 45 години.
Канадскиот рокер го снимал албумот во 1974 и 1975 година со импресивна група студиски музичари, за потоа да се откаже од него, сметајќи го за премногу личен. Тој го правел албумот во периодот кога му се распаѓала врската со актерката Кери Снодгрес.
„Се извинувам. Овој албум требаше да излезе неколку години по ‘Harvest‘ (од 1972 година). Тој е тажната страна на љубовна врска. Штетата беше направена, срцето ми беше скршено. Едноставно, не можев да го слушам. Сакав да продолжам понатаму и затоа го зачував албумот за себеси и го складирав, го заборавив. Но, требаше да го споделам, затоа што е навистина убав“, вели 74-годишниот Јанг.
Тој снимил околу 30 песни во тој период, а на албумот што сега е објавен се наоѓаат 12.