Македонија за рекордни шест дена доби уште 1.000 заразени со коронавирус, додека бројката нови случаи е поголема од 100 десет дена по ред.
- Четири лица од Скопје и две од Тетово се последните жртви на КОВИД-19 во земјата.
- Вкупната бројка починати порасна на 222.
- Во изминатите 24 часа се потврдени 156 нови случаи на коронавирус (од 1.227 тестирања), со што бројката е трицифрена веќе 10 дена по ред.
- Сто од новите случаи се во Скопје, па следуваат Тетово со 19 и Куманово со 11.
- Од почетокот на кризата, во Македонија има 4.820 заразени, од тоа 2.735 се активни случаи, а оздравеле 1.863 лица.