По цели три месеци, њујорчани од денеска повторно ќе можат да јадат во ресторани, додека градот ја почнува втората фаза од повторното отворање.
Освен ресторани, се отвораат и продавници за облека, фризерски салони, берберници, салони за автомобили и верски објекти, сето тоа со почитување на социјалното дистанцирање и на строгите хигиенски мерки.
Во рамките на планот на градот „Отворени ресторани“, со работа ќе продолжат 5.000 угостителски објекти, што помогне да се спасат околу 45.000 работни места. Идејата на „Отворени ресторани“ е тие да ги прошират своите летни тераси на тротоари, плоштади и други јавни површини, за да може да се обезбеди социјална дистанца.
Њујорк беше една од најтешко погодените области во САД, при што КОВИД-19 однесе над 22.000 животи, а еден од најдинамичните градови на светот речиси целосно се испразни.