КИНА ПОДГОТВЕНА ДА ГО ПРЕДИЗВИКА ГПС СО СВОЈ НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ

Пекинг, (Би-Би-Си)

Кина успешно го лансираше последниот сателит од својот навигациски систем БеиДу-3, што ќе ѝ овозможи веќе да не биде зависна од Глобалниот систем за позиционирање (ГПС), кој е во сопственост на американската влада.

Мрежата вредна 10 милијарди долари се состои од 35 сателити и обезбедува глобално покривање со навигација.

Кина забрзано ја развиваше својата вселенска програма во изминатите 20 години, откако Пекинг значително ги зголеми вложувањата во сопствените високотехнолошки системи.

Освен ГПС, навигацискиот сателитски систем БеиДу нуди алтернатива и за рускиот ГЛОНАСС и за европскиот Галилео.