ПОТВРДЕНА ПОБЕДАТА НА СДСМ НА ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ СО ДВА ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТА ПОВЕЌЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Државната изборна комисија со речиси цел ден одложување ја потврди победата на коалицијата Можеме, предводена од СДСМ, на вчерашните предвремени парламентарни избори, и тоа со само два пратенички мандата повеќе од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Коалицијата Можеме освои 327.329 гласови, само 11.985 повеќе од коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ.
  • На третото место според бројот на гласовите е ДУИ (104.587), па следуваат коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива (81.297), Левица (37.551) и ДПА (13.891).
  • СДСМ и коалициските партнери ќе имаат 46 пратеници во новиот состав на Собранието, два повеќе од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
  • ДУИ добива 15 пратеници, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица за првпат влегува во парламентот со два пратеника, а ДПА ќе има еден.
  • Можеме ја направи клучната разлика во изборната единица 6, каде што освои четири мандати, наспроти два на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Дури 31.466 гласачки ливчиња се неважечки.