Меѓународен тим научници откри ретко живеалиште на меки корали во водите на Гренланд, користејќи иновативна, евтина камера, што самите ја направиле.
Новооткриената корална градина богата со жив свет егзистира во речиси целосна темнина, на длабочина од 500 метри, каде што притисокот е 50 пати поголем отколку на површината.
„Коралните градини се карактеризираат со еден или повеќе видови кои лежат на широк опсег од меки и тврди живеалишта на дното и поддржуваат најразновидна фауна“, изјави д-р Крис Јесон од Лондонското зоолошко друштво (ЗСЛ).
Ова откритие е особено значајно затоа што длабокото море е најслабо познатото живеалиште на Земјата, иако покрива 65% од планетата, што се должи на тоа што неговото истражување е сложено и скапо. Британско-данскиот тим го надмина овој предизвик така што креираше евтина рампа на која закачи ГоуПро камера, осветлување и ласери.