ДЛУМ ЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложбата „Современа скулптура“ во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се отвори денеска во уметничкиот центар „Арт хаб“ во Градски трговски центар во Скопје. Годинава, селектор на изложбата е историчарката на уметност Марика Бочварова-Плавевска.

Учествуваат Ана Димчевска-Семенпеева, Андреј Митевски, Ангел Димовски-Чауш, Вања Петрушевска-Дуза, Љупчо Бојаров, Златко Бојковски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Филип Фидановски, Филип Цакоски и Боро Митриќески.

На изложбата се доделува една парична награда од семејството на истакнатиот скулптор Боро Митриќески, која го носи неговото име.

Од ДЛУМ велат дека изложбата поединечно или во групи од двајца ќе може да се посети од понеделник до петок од 11 до 18 часот и во сабота од 10 до 15 часот.