ТЕЈЛОР СВИФТ НЕОЧЕКУВАНО ОБЈАВИ НОВ АЛБУМ СО СОСЕМА НОВ ЗВУК

Лос Анџелес, (Гардијан)

Тејлор Свифт неочекувано објави нов, осми албум, на кој една од најголемите поп ѕвезди на денешнината ја смени својата музика, давајќи ѝ повеќе инди звук. Ова се должи и на музичарите со кои таа соработуваше на албумот „Фолклор“, првенствено гитаристот на „Нешнал“ Арон Деснер, кој се јавува како коавтор или продуцент на 11 од 16-те нови песни.

Таа кажа дека го напишала и снимила албумот додека била во изолација, соработувајќи на дистанца со „некои свои музички херои“.

„Повеќето од работите што ги планирав оваа година не се случија, но има нешто што не го планирав, а се случи“, кажа Свифт, најавувајќи го албумот само 18 часови пред неговото излегување.

„Фолклор“ излезе само една година по последниот албум на Свифт, која оваа година требаше да биде една од главните ѕвезди на фестивалот „Гластонбери“.