Точно пет месеци од првиот потврден случај на коронавирус, Македонија денеска стана 80. држава која ја поминала границата од 10.000 заразени.
- Од направените 1.077 тестирања во изминатите 24 часа, 152 дале позитивен резултат.
- Тие се распределени во 21 град, но најмногу нови случаи има во Скопје (39), Куманово (20) и Гостивар (15).
- Досега починале 460 лица, бројка која е непроменета од вчера.
- Од првиот регистриран позитивен тест на 26 февруари, вкупната бројка заразени порасна на 10.086.
- 5.427 лица оздравеле, а 4.199 се активни случаи.
- Според Универзитетот Џонс Хопкинс, на светот досега има над 16 милиони заразени и 645.000 починати од ковид-19.