„МАЈКРОСОФТ“ ДОГОДИНА ЌЕ ГО ЗГАСНЕ ИНТЕРНЕТ ЕКСПЛОРЕР

Њујорк, (Индипендент)

„Мајкрософт“ потврди дека во август следната година ќе ја укине поддршката за својот интернет пребарувач Интернет експлорер, кога тој ќе престане да работи на сите производи од пакетот Мајкрософт 365, како Офис 365 и Аутлук.

Компанијата истовремено ги охрабри корисниците да го користат поновиот пребарувач Мајкрософт еџ, за кој уште во 2015 година беше најавено дека ќе го замени Интернет експлорер, чија 11. верзија ќе биде и последна.

Лансиран во 1995 година, Интернет експлорер своевремено беше најпопуларниот интернет пребарувач, покривајќи 95% од пазарот во 2003. Сепак, неговото користење беше во постојан пад од 2010 година, кога приматот почнаа да го преземаат далеку побрзите пребарувачи Фајрфокс и Хром.