ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ ВРАТАРИ, ТРОЈЦА ШТО БИЛЕ ВОДИЧИ НИЗ СОБРАНИЕТО СО ДОМАШЕН ПРИТВОР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тројца пратеници добија 30-дневен притвор, а на останатите тројца им беше одреден домашен притвор, одлучи  Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Овие шест пратеници, пет од ВМРО-ДПМНЕ и еден од Социјалистичката партија, се дел од групата од 36 лица, кои се поврзуваат со учеството во организираниот напад во Собранието на 27 април, кога беа повредени Зоран Заев и Зијадин Села. Дел од нив се фатени на сигурносните камери како ја отвараат вратата на Собранието, а другите биле водичи на првата група што влегла на 27 април и им покажувале во кој правец да се движат.

Претходно, на 1 декември, Собранието им го одзеде имунитетот на шесте пратеници, со што се отвори можност судот да им одреди мерка притвор.

  • Шесте пратеници се појавија на распит во Основниот суд Скопје 1.
  • Судот им одреди 30 дена притвор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Тие на сигурносните камери од Собранието се фатени како ја отвараат влезната врата од зградата по што демоснтрантите заедно со насилниците и маскираните водачи влегува во Собранието.
  • Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, како и Љупчо Димовски од Социјалистичката партија добија домашен притвор. Пешевска е фатена на камерите како во близина на велзот се гушка со еден од демонстрантите, а Тарчуловски им покажува  на демонстрантите каде да се движат и ги води кон другите простории во Собранието.
  • Јавното обвинителство имаше побарано притвор и за Димовски, но судот не го прифати тоа.  Димовски исто така од камерите е фатен во близина на влезот, а ден потоа самиот објави видео снимка на која се гледа влегувањето на дел од демонстрантите во пленарната сала од која се гледа како еден од нив се гушка со пратеничката и поранешна министеркз за култура Елизабета Канческа Милевска и и бацува рака.
  • Тие се товарат за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбеноста, во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.
  • За ова дело е предвидена минимална затворска казна од десет години

Г. КОНЕВ