ПЕСНИТЕ НА ЕД ШИРАН СТРИМУВАНИ 6,3 МИЛИЈАРДИ ПАТИ ВО 2017

Лондон, (Гардијан)

Големиот хит на Ед Ширан, „Фигура како тебе“, е најстримуваната песна на сервисот Спотифај за 2017 година.

Таа, истовремено, стана најпопуларната песна во историјата на оваа музичка платформа, откако била стримувана 1,4 милијарди пати, а албумот од којшто доаѓа „Поделено“ има 3,1 милијарда стримувања, со што, исто така, го држи првото место.

Ширан ги победи Дрејк и Викенд за статусот на најпопуларен музичар на светот, со вкупно 6,3 милијарди стримувања на неговите песни.

На второто и на третото место се наоѓаат верзиите на една иста песна, „Деспасито“, и тоа ремиксот на Џастин Бибер и оригиналната на Луис Фонси.

Ријана е најстримуваната пејачка, пред Тејлор Свифт и Селена Гомез, а во конкуренција на групи, тоа е „Колдплеј“.